Sunday, August 30, 2009

Мафини со моркови и ананас



За 12 мафини потребно е

1 cup = 250 гр

1. 2 и пол cup брашно
2. 2 мали лажички пециво
3. пола лажичка сол
4. 1 и пол лажичка цимет
5. пола лажиќка морско оревче
6. 2 јајца
7. пола cup кафеав шеќер
8. пола cup зејтин
9. 1 cup исечкан ананас на коцки
10 1 и пол cup рендани свежи моркови

Подготовка

Во еден сад изматете ги јајцата со шеќерот се додека не добиете густа смеса.
Во друг сад измешајте го брашното и сувите состојки. Во смесата со јајцата додадете го зејтинот и мешајте со лажица. Потоа додадете ги и сувите состојки, мешајќи со лажица се додека не добиете еднолична смеса. Мешајте подолго време, на прв поглед брашното може да изгледа дека е многу за таа доза, но сето убаво ќе се соедини откако ќе мешате повеќе време.
Ставете од смесата во калап за мафини и печете околу 15-20 мин во загреана рерна на 425F.

Saturday, August 29, 2009

Американски палачинки со боровинки



За 12 палачинки потребно е

1. 2 јајца
2. 2 1/4 мали лаж. пециво
3. 3 големи лажици шеќер
4. 3/4 мала лаж. сол
5. 1 1/2 cup или 375гр брашно
6. 1 cup или 250мл млеко
7. 3 гол. лажици стопен маргарин
8. 1 cup или 250гр свежи боровинки

За сирупот(опција)

1. 1 cup или 250мл Јагоди, боровинки или др. овошје со малку вода и шеќер по вкус, се става на оган со постојано мешање се додека не се направи како сируп.

Подготовка

Одделете ги белките од жолчките. Во еден сад изматете ги белките додека не станат како шлаг. Во друг сад измешајте ги сувите состојки, брашното, пецивото, шеќерот и солта. Потоа во посебен сад изматете ги жолчките со млекото и маргаринот. Сето тоа додадете го во сувата смеса. На крај додадете ги боровинките. Потоа додадете ги и изматените белки. Сето та се измеша. Во тава за палачинки, подмачкана со малку зејтин, ставајте по една голема лажица од смесата во форма на круг. Почекајте додека не се појават меурчиња и тогаш свртете ја од другата страна. Печете 1-2 мин и палачинката е готова. Повторете ја постапката се додека имате од смесата. Излегуваат отприлика 12 палачинки. За двајца се доволни 6.

На крај може да ги прелиете со сирупот, кој им дава посвеж вкус, или да ги јадете суви... кој како сака.