Saturday, January 12, 2008
Ролат со кокос и чоколадо
Лесно и брзо...а вкусно.
Потребно е:
Tемен дел:
1. 300гр мелени бисквити
2. 150гр шеќер во прав
3. 4 лажици какао
4. црно кафе околу 150-200мл... или додека да се направи глатка смеса која може да се обликува
Светол дел:
1. 200гр кокосово брашно
2. 150гр шеќер во прав
3. 200гр путер
Подготовка:
Состојките за темниот дел се ставаат во подлабок сад и се замесуваат со црно кафе.
За светлиот дел, во посебен сад се мати путерот и шеќерот во прав во пенеста и мазна смеса. Се додава кокосовото брашно и се убаво се измешува.
На пластична фолија од темниот дел се прави правоаголник. Врз него се нанесува светлиот дел и со помош на фолијата се замотува во ролат.
Се остава во фрижидер да се олади и се сече на кругови.
Од смесата може да се направат 2 помали ролати, а не еден како што направив јас затоа што ролатите беа големи. :)
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment