Monday, September 19, 2011

Бомбици од банана


Потребно е

3 банани
150гр шеќер во прав
150гр мелени ореви(може и мелени бисквити, тогаш намалете на шеќерот во прав)
150гр кокос

Припрема

Испасирајте ги бананите со вилушка, додадете ги другите состојки и се добро измешајте да се соедини. По потреба додадете ореви или кокос. Направете бомбици и валкајте ги во рендано чоколадо или кокос.

Ако ви останат некоја вишок, може да ги замрзнете. Добри се за деца и за ненајавени гости.

Sunday, February 20, 2011

Извртени Плетенки


Децата ги обожаваат за појадок.


Потребно е
1. 800гр брашно
2. 1 лажица сув квасец, или околу 40гр свеж квасец
3. 6 лажици шеќер
4. 1 лажица сол
5. 300мл топло млеко
6. 100мл зејтин
7. 2 јајца(1 жолчка за премачкување)
8. По вкус суво грозје

Подготовка

Измешајте ги сите состојки и тргнете една жолчка за премачкување. Оставете да втаса.
Кога е готово поделете го тестото на 12 топчиња. Направете плетенки и премачкајте ги со жолчката. Печете на загреана рерна од 200Ц додека не поруменат.

Переци


Мирис од детството.


Потребно е

1. 800гр брашно
2. 1 лажица сув квасец, или околу 40гр свеж квасец
3. Малку шеќер
4. 1 лажица сол
5. 200мл топло млеко
6. 300мл топла вода
7. 100мл зејтин

За премачкување
1 јајце

Солен прелив
3 лажици брашно
1 лажица сол
По потреба студена вода

Подготовка

Во топлото млеко ставете го квасецот, малку шеќер и 2 лажици брашно и оставете 10-тина минути да отстои.
Потоа додадете ги сите состојки освен брашното. Добро измешајте и на крај додавајте го брашното постепено. Замесете средно меко тесто, се додека не се лепи за рацете. Оставете да отстои на топло 30-тина минути.

Кога е тестото готово, направете околу 30 топчиња. Од секое направете лента која ќе ја фатите на краевите, ќе ги споите и ќе го завртите два пати. Сега тој крај ќе го споите како перек. Видете на сликата. Облизи може да се прават по ваш вкус.
Переците ставајте ги на подмачкан плех или обложен со хартија за печење. Кога ќе ги завршите сите, уклучете ја рерната на 250Ц и оставете ги да надојдат додека се загрее рерната. Пред да ги печете премачкајте ги со изметено јајце и печете додека не почнат да поруменувааат.

За тоа време направете го солениот прелив. Треба да биде густ колку тесто за палачинки.

На 5 минути пред да бидат готови, извадете од рерна и прелијте ги со преливот како на цик-цак преку целиот перек. Печете уште малку и готови се.