Sunday, May 11, 2008

Банички



Потребно е:

1. 500 гр. готови кори

За премачкување на корите:

1. 300мл млако млеко
2. 7-8 големи лажици брашно
3. 1 мала лажица шеќер
4. 1/2 мала лажица сол
5. 1 свеж квасец
(Состојките од 1-5 се мешаат и се оставаат да стасаат, потоа се додава)
6. 200мл зејтин

За фил:
1. 150 гр. Сирење
2. 3 Јајца
(Се меша заедно)

Подготовка:

Секоја кора се мачка посебно. Се филува и се витка како триаголник.
Се премачкуваат баничките со зејтин и се печат на 200 степени додека не поруменат.

Едноставни шницли



Рецептот е од Coolinarika.com.

Потребно е: (за четворица)

1. 4 свински шницли
2. Зејтин и масло за пржење
3. лук
4. магданос
5. 2 лажици брашно
6. Вегета, оригано и др. зачини по желба

Подготовка:

Најпрвин шницлите зачинете ги со вегета и црн пипер. Пржете ги на загреаното масло додека не добијат румена боја. Ставете го ситно исечканиот лук, магданосот, др. зачини, посипете ги со брашно и прелијте ги со вода. Вода се става колку да ги облие, се ставаат на тивок оган да крчкаат околу 30-40 минути.

Sunday, January 13, 2008

Мариниран лосос


Количина за двајца. Време на подготовка околу 1час (маринирање) и 15 минути (подготовка и пржење).
Потребно е:
1. 500гр лосос
2. 1 мала лажичка џумбир
3. 1 мала лажичка вегета
4. 2 чешниња лук
5. 1 лажица соја сос
6. сок од пола лимон
7. 1 мала лажичка кафеав шеќер
8. 1 мала лута пиперка
9. 2 лажици маслиново масло.

Подготовка:
Парчињата лосос истријте ги со џумбирот, вегетата и ситно сечканиот лук.
Потоа прелијте ги со сокот од лимон, соја сосот, додајте го шеќерот и лутата пиперка.
Оставете го така во фрижидер околу 1 час да се маринира.
Потоа пржете го на загреаното масло околу 5 минути од секоја страна или додека не добие кафеава боја.
Послужете со зеленчук, ориз или по ваш вкус.

Saturday, January 12, 2008

Тирамису торта


Има многу верзии на тирамису торта.
Јас ја обожавам, но ова е прв пат да ја правам.
Кога ќе го усовршам рецептот ќе ставам апдејт.

Потребно е:
1. 500гр пишкоти
2. 500гр mascarpone cream cheese
3. 100гр шеќер во прав
4. 200 грама еспресо кафе
5. 100 мл ликер од чоколадо
6. 1 лажица какао
7. 300мл слатка павлака

Подготовка:

Во подлабок сад изматете ја слатката павлака да стане густа како шлаг.
Додадете го шеќерот во прав и измешајте полека со дрвена лажица.
Во посебен сад со лажица измиксајте го сирењето се додека не стане глатка смеса. Полека додавајте од смесата со слатката павлака и мешајте со дрвена лажица се додека не се соединат.
Сварете го кафето и кога малку ќе се излади, додадете го ликерот.
Натопувајте ги пишкотите во кафето не повеќе од 3-4 секунди за да не омекнат премногу. Редете ги во сад по ваша желба. Врз нив ставете од филот, потоа уште еден ред од пишкотите и пак фил. На крај посипете со какао. Ставете фолија над садот и оставете во фрижидер да се олади.

Шпагети Болоњезе



За двајца:

Потребно е :
1. 300гр шпагети

За филот:
1. 300 гр мелено свинско и телешко месо
2. половина главица кромид
3. вегета
4. црн пипер
5. 200мл доматно пире
6. оригано

Подготовка:
Се варат шпагетите во солена вода со малку маслиново масло.
На страна во длабок сад се пржи кромид, се додава меленото месо. Откако се добро ќе се испржи се додава доматното пире, зачините по вкус и се остава на тивок оган уште 5-10 минути.
При сервирање може да се стави исрендан кашкавал, а и не мора. :)

Ролат со кокос и чоколадо



Лесно и брзо...а вкусно.

Потребно е:

Tемен дел:
1. 300гр мелени бисквити
2. 150гр шеќер во прав
3. 4 лажици какао
4. црно кафе околу 150-200мл... или додека да се направи глатка смеса која може да се обликува

Светол дел:
1. 200гр кокосово брашно
2. 150гр шеќер во прав
3. 200гр путер

Подготовка:
Состојките за темниот дел се ставаат во подлабок сад и се замесуваат со црно кафе.
За светлиот дел, во посебен сад се мати путерот и шеќерот во прав во пенеста и мазна смеса. Се додава кокосовото брашно и се убаво се измешува.

На пластична фолија од темниот дел се прави правоаголник. Врз него се нанесува светлиот дел и со помош на фолијата се замотува во ролат.
Се остава во фрижидер да се олади и се сече на кругови.

Од смесата може да се направат 2 помали ролати, а не еден како што направив јас затоа што ролатите беа големи. :)

Monday, January 7, 2008

Свинско во фолија


Потребно е:
1. 4 свински шницли
2. 1 помал кромид
3. 2 лажици маргарин
4. 225гр печурки
5. 2 големи лажици сок од лимон
6. 150мл павлака
7. сол и црн пипер

Подготовка: На растопен маргарин испржете ги шницлите да заруменат и од двете страни. Откако се готови, секоја од шницлите ставете ја во алуминиумска фолија и наредете ги во огноотпорен сад.
Во тавата каде се пржеа шницлите додадете ситно исечкан кромид и исечканите печурки и пржете додека да омекнат. Ако има потреба додадете околу 30мл вода. Потоа додадете го сокот од лимон и пропржете уште малку. Тргнете ја тавата од оган и додадете ја павлаката и зачините по ваш вкус. Јас на пример додадов и ситно сечкан магданос.
Смесата поделете на 4 еднакви делови за секоја од шницлите и со лажица внимателно нанесете врз шницлите, да се покријат. Потоа затворете ја убаво фолијата и ставте да се печат во загреана рерна на 180 степени. Се печат 1час.
Послужете со зеленчук, ориз или компир... или што сакате вие.

Домашни кроасани

...Нешто што уживам да правам, а богами и да јадам...



Потребно е:

За тестото:
1. 2 јајца
2. 2 мали лажички шеќер
3. 2 мали лажички сол
4. 1/4л јогурт
5. 1/4л млеко
6. квасец
7. брашно околу 1кг.

При подготовката
8. 1 жолчка за премачкување
9. 250гр маргарин
10. сусам околу 2 лажици

Подготовка:
Замесете го тестото од наведените состојки за тесто. Тестото не стасува, се прави веднаш. Поделете го тестото на 3 еднакви делови. Секој дел поделете го на 6 помали топчиња. Секое топче расукувајте го во големина на круг со дијаметар 10cm.(приближно).
Маргаринот поделете го на 3 еднакви делови, потоа секој дел на 5 еднакви делчиња.
Секоја кора се премачкува со маргарин и се реди врз другата. Последната кора од секој од трите дела не се премачкува со маргарин.

Значи треба да добиете три исти купа со по 6 кори.
Земете го првиот куп (дел) и расукајте внимателно поголема кора. Направете ја во дебелина од 3 мм. расечете ја кората на 16 еднакви делови за помали кроасани или на 8 aко сакате поголеми или се брзате да завршите веќе еднаш со ова тесто. :) Значи се сече како пица, се добиваат триаголници. Завиткајте од секој триаголник кроасан и ставете го во подмачкан плех.
Ако сакате може да ставите сирење или пак крем внатре.

Постапката повторете ја и со другите два дела.
На крај премачкајте ги со жолчка и ставете сусам на секое парче, оставете на собна температура да отстојат 30-тина минути и печете на загреана рерна од 180 степени.