Monday, January 7, 2008

Домашни кроасани

...Нешто што уживам да правам, а богами и да јадам...



Потребно е:

За тестото:
1. 2 јајца
2. 2 мали лажички шеќер
3. 2 мали лажички сол
4. 1/4л јогурт
5. 1/4л млеко
6. квасец
7. брашно околу 1кг.

При подготовката
8. 1 жолчка за премачкување
9. 250гр маргарин
10. сусам околу 2 лажици

Подготовка:
Замесете го тестото од наведените состојки за тесто. Тестото не стасува, се прави веднаш. Поделете го тестото на 3 еднакви делови. Секој дел поделете го на 6 помали топчиња. Секое топче расукувајте го во големина на круг со дијаметар 10cm.(приближно).
Маргаринот поделете го на 3 еднакви делови, потоа секој дел на 5 еднакви делчиња.
Секоја кора се премачкува со маргарин и се реди врз другата. Последната кора од секој од трите дела не се премачкува со маргарин.

Значи треба да добиете три исти купа со по 6 кори.
Земете го првиот куп (дел) и расукајте внимателно поголема кора. Направете ја во дебелина од 3 мм. расечете ја кората на 16 еднакви делови за помали кроасани или на 8 aко сакате поголеми или се брзате да завршите веќе еднаш со ова тесто. :) Значи се сече како пица, се добиваат триаголници. Завиткајте од секој триаголник кроасан и ставете го во подмачкан плех.
Ако сакате може да ставите сирење или пак крем внатре.

Постапката повторете ја и со другите два дела.
На крај премачкајте ги со жолчка и ставете сусам на секое парче, оставете на собна температура да отстојат 30-тина минути и печете на загреана рерна од 180 степени.

3 comments:

Anonymous said...

на мајка ми кроасаните се како купечки.
со мајка ми не може никој!!!!!!

Lorin said...

Bravo za majka ti! Jas seuste gi usovrsuvam... Ne se davam :)
Aj podeli go receptot ako te nanese pat ovde pak :)

Anonymous said...

Nemam zborovi - odlicni se :)