Monday, January 7, 2008

Свинско во фолија


Потребно е:
1. 4 свински шницли
2. 1 помал кромид
3. 2 лажици маргарин
4. 225гр печурки
5. 2 големи лажици сок од лимон
6. 150мл павлака
7. сол и црн пипер

Подготовка: На растопен маргарин испржете ги шницлите да заруменат и од двете страни. Откако се готови, секоја од шницлите ставете ја во алуминиумска фолија и наредете ги во огноотпорен сад.
Во тавата каде се пржеа шницлите додадете ситно исечкан кромид и исечканите печурки и пржете додека да омекнат. Ако има потреба додадете околу 30мл вода. Потоа додадете го сокот од лимон и пропржете уште малку. Тргнете ја тавата од оган и додадете ја павлаката и зачините по ваш вкус. Јас на пример додадов и ситно сечкан магданос.
Смесата поделете на 4 еднакви делови за секоја од шницлите и со лажица внимателно нанесете врз шницлите, да се покријат. Потоа затворете ја убаво фолијата и ставте да се печат во загреана рерна на 180 степени. Се печат 1час.
Послужете со зеленчук, ориз или компир... или што сакате вие.

No comments: