Sunday, March 29, 2009

Ролани банички со сирење


Само поинаква форма...
1. 2 голема лажица шеќер
2. 2 мали лажички сол
3. квасец
4. 500мл млеко или вода.
5. маргарин околу 250гр
6. брашно околу 1 кг или колку прибере

Се замесува тестото и се остава да стаса. Откако е готово се замесува повторно и се удира неколку пати од масата за месење.
Од смесата направете околу 8 топчиња. Секое топче развлечете го во тенка кора. На кората нарендајте маргарин и размачкајте го по целата површина. Потоа нарендајте сирење и завиткајте ја во ролат.Дополнително истегнејте ја како змија. Кората свиткајте ја во која сакате форма. Откако се готови сите кори ставете ги во тавче за печење и печете додека не поруменат. Се печат околу 15 тина минути.

1 comment:

Anonymous said...

Сите рецепти ви се одлични