Showing posts with label печурки. Show all posts
Showing posts with label печурки. Show all posts

Sunday, April 26, 2009

Пилешко со печурки



Потребно е

1. 4 пилешки гради
2. 100гр брашно
3. 1 лажичка сол
4. црн пипер пола лажичка
5. околу 300 гр печурки
6. маслиново масло
7. 200 гр сос од домати
8. свежо сецкан магданос

Измешајте го брашното со солта и црниот пипер.
Пилешките гради истолчете ги и откако ќе ги извалкате во смесата со брашно, пржете на загреан зејтин додека не поруменат. Откако се готови извадете ги од тавата на страна. Во тавата каде го пржевте пилешкото, додадете го сосот од домати и мешајте додека да се загрее. Потоа додадете ги исечканите печурки и оставете да се крчка на тивок оган околу 10 тина минути. Потоа вратете ги и пилешките гради во сосот и прелијте ги со него. Оставете така покриено на тивок оган уште 10 минути. Пред крај додадете свежо исецкан магданос и сервирајте.

Thursday, October 11, 2007

Полнети печурки



(За двајца)
Потребно е:

1. 10-тина големи печурки.
2. 100 грама лебни трошки
(Препечете 2 парчиња леб во рерна или на тост, потоа изронете ги со сукало)
3. 50 грама изрендан кашкавал
4. 2 големи лажици сок од домати
5. 1 лажица маслиново масло
6. сол и црн пипер за вкус

Изработка:

Избришајте ги печурките со сува крпа и отстранете им ги рачките.

Во друг сад измешајте ги останатите состојќи, додадете ги ситно исечкани рачките од печурките кои претходно ги отстранивте. Додадете сол и црн пипер по вкус.

Загрејте ја рерната на 375F (190C).

Наполнете ги печурките со вака подготвената смеса. Ставете ги во подмачкан плех на оддалеченост од 2см.



Печете околу 15-20 минути во добро загреана рерна или додека не добијат златно кафеава боја.

Може да ги послужите со ориз, со салата, или како предјадење.