Thursday, October 11, 2007

Полнети печурки



(За двајца)
Потребно е:

1. 10-тина големи печурки.
2. 100 грама лебни трошки
(Препечете 2 парчиња леб во рерна или на тост, потоа изронете ги со сукало)
3. 50 грама изрендан кашкавал
4. 2 големи лажици сок од домати
5. 1 лажица маслиново масло
6. сол и црн пипер за вкус

Изработка:

Избришајте ги печурките со сува крпа и отстранете им ги рачките.

Во друг сад измешајте ги останатите состојќи, додадете ги ситно исечкани рачките од печурките кои претходно ги отстранивте. Додадете сол и црн пипер по вкус.

Загрејте ја рерната на 375F (190C).

Наполнете ги печурките со вака подготвената смеса. Ставете ги во подмачкан плех на оддалеченост од 2см.



Печете околу 15-20 минути во добро загреана рерна или додека не добијат златно кафеава боја.

Може да ги послужите со ориз, со салата, или како предјадење.

2 comments:

Т. said...

Супер се, само печурки свежи не е добро да се мијат со водат, затоа што впиваат течност и потоа стануваат кашеси додека се готват.
Поздрав,
Теодора.

Lorin said...

Теодора, благодарам на коментарот.
Се сложувам со тебе.
Иако имам напишано дека ги мијам, најчесто само ги тријам со крпа. Зависи колку се извалкани.
Откако ги откривме во друштво ни се популарни за секоја забава, брзо и лесно се спремаат а се превкусни. Ги имаме испробано и во други варијанти, секој на свој начин, ако најдам време може да постирам.

Еве сега ке поправам во рецептот за ако некој ги прави по прв пат не ги мие. Фала ти.